Охридско лето: Концерт од опусот на Властимир Николовски
Во пресрет на 90 годишнината од раѓањето на македонскиот композитор Властимир Николовски вечер во црквата „Света Софија“ ќе биде изведен концерт од неговиот творечки опус во рамките на 55. јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.
Властимир Николовски (1925 – 2001) е еден од најзначајните и најплодните македонски композитори. Неговото богато и разновидно творештво извршило големо влијание врз развојот на македонската музика, култура и уметност. Создал над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанрови на класичната музика, но и голем број публицистички трудови.
Творечкиот јазик на Николовски е умерен, експресивен, со потпирање врз духовното и врз фолклорното поднебје на Македонија. Покрај композиторската, значајна е и педагошката дејност на Николовски. По завршувањето на студиите во Белград, почнал да работи како професор во Средното музичко училиште во Скопје, а потоа предавал и на Педагошкиот факултет и на Факултетот за музичка уметност, тогаш Висока музичка школа во Скопје. Бил музички уредник во Радио Скопје, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и претседател на Сојузот на композиторите на Југославија. Од 1981 година бил член на Македонската академија на науките и уметностите.
Делата на Николовски се изведуваат во голем број земји низ светот, а неговите текстови и реферати биле објавени во некои од најзнајните музички списанија.
Ново на Сител
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево