Македонија
28. March 2020 - 19:38

Охридската болница во понеделник ќе одговори зошто ја одбиле хоспитализацијата на пациентката од Струга

Во понеделник ќе биде познат ставот на општата болница во Охрид  по најавите од страна на министерството за здравство за целосно ревизија на инфективното одделение, за да се утврди дали има лекарски пропуст во случајот со починатата 66 годишна жена од струшко Татеши. Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не била примена.

Директорката на охридската болница Славица Малеска Стојадиновиќ одби да даде изјава само телефонски за Сител најави дека на началничката на инфективното одделение кое располага со соодветен простор и опрема и било посочено да изготви целосен извештај за случувањата во врска со починатата стружанка.Според првичните разговори од нивна страна било посочено дека жената воопшто не била во одделението во Охрид.Наспроти ваквите тврдења пак од струшката болница обвинија дека инфективното одделение во Охрид воопшто не функционира дека пациентите се препраќаат веднаш во Скопје и најавија дека  од денеска отворен е посебен оддел за прием на сомнителните пациенти.

Инаку после првите три позитивни случаи од корона вирус во струшко, од кои една жена утрово на 66 годишна возраст починала пред да биде транспортирана на Инфективната клиника во Скопје, локалните власти најавуваат преземање на поригорозни мерки со цеп спречување на ширењето на заразата.