Македонија
2. February 2020 - 17:07

Охрид тешко се справува со препораката од УНЕСКО за уривање на дивоградбите

Рушењето на дивоградбите долж езерото останува најкомплексeн проблем за Охрид . Градоначалникот Георгиески вели  дека секојдневно се соочуваат со отпор како од населението така и од правните лавиринти и најави дека потребна е поголема координација помеѓу надлежните институции и динамичен план за справување со овој проблем наталожен години наназад.

Планот за отстранување на бесправно изградените објекти на плажите на кои им се истечени договорите за концесија наиде на меѓусебни обвинувања помеѓу советниците од власта и опозицијата ,Од ВМРО-ДПМНЕ на став дека советот не е надлежен да носи вакви одлуки ,за СДСМ пак целта на планот е да се стави ред во незаконското искористување на крајбрежниот простор.

Инаку рушење на дивоградбите во заштитениот појас , е една од препораките на УНЕСКО за да не биде ставен Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство.