Македонија
7. January 2020 - 16:35

Охрид полн со туристи

Илјадници верници ги исполнија православните храмови во Балканскиот Ерусалим за големиот празник Христовото раѓање –Божиќ.  И покрај тоа што станува збор за семеен празник сепак градот  наликува на права туристичка дестинација.

Продолжениот празничен викенд гостите од нашето соседство но и домашните  кои  имаат свои викенд станови го искористија  да одмараат на брегот на Охридското езеро.

Хотелиерите нудат примамливи аранжмани и интересни содржини а се поголемата промоција на градот како атрактивна дестинација  привлекува туристи.

Инаку туристичките работници голем број на посетители очекуваат и за Стара Нова година и Богојавление-Водици.