Македонија
25. May 2020 - 12:59

Охрид остана празен и овој празничен викенд - хотелиерите најавуваат пониски цени

Со прималиви пакет аранжмани хотелиерите долж Охридското езеро ќе ги привлекуваат туристите. Цените за семестување се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе оди на одмор. Се очекува домашните гости да ја спасат летната сезона а со оглед на отварањето на границите туристичките работници се надеваат и на посетители од нашите соседни земји.

И дел  од туристичките агенциите во Србија, го нудат Охрид за одмор ова лето.

Хотелиерите се надеваат дека третиот пакет мерки за помош од кризата наметната од пандемијата на ковид-19 ќе им олесни.Ваучерите ќе донесат најмалку половина милион ноќевања во земјава.