Македонија
2. April 2024 - 12:20

Охрид го заострува режимот за градби во старото градско јадро

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро во Охрид. Со новиот предлог закон до донесување на новите детални урбанистички планови не може да се градат нови објекти,доградби и надградби .Од агенциите за недвижности бараат час поскоро да се донесат новите детални урбанистички планови за да се заштити најатрактивниот дел но и да се овозможи раст и развој на градот .

Дивоградбите може да се искоренат само со одржлива урбанизација. Потребни се правилни и навремени урбанистички решенија за стопирање на нелегалните градби смета научната фела.

Нелегалната градба на самиот брег на езерото и во заштитениот појас кои го нарушуваат автентичниот изглед на Охрид  се едни од најголемите забелешки на Унеско.