Македонија
8. December 2021 - 12:33

Охрид го одбележува денот на Св. Климент

Охрид во духот на заштитникот на градот Свети Климент Охридски. Балканскиот Ерусалим празнично со бројни свечености и манифестации го одбележува 8ми декември. На свечената академија градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека Свети Климент Охридски е меѓу ретките личности од цивилизациско и милениумско значење. Климент му припаѓа еднакво на сите словенски народи и пошироко, на целата европска цивилизација, но пред се е наш,  зошто корените му се македонски,  зошто од Охрид направил јадро на писменоста и културата .

Наградата за животно дело „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“му беше доделена на академик Љупчо Коцарев, додека пак Светиклиментова Повелба, добија Гордана Лолеска, активист за правата на лицата со ретки болести, Здружението „Еко – ФАП“ и постхумно Мишо Јузмески, културен и туристички работник.

Инаку градот е во празнична атмосфера но и новогодишно украсен за претстојните празници каде се  очекуваат гости не само од соседството и домашни туку и од странство.