Македонија
13. May 2021 - 12:29

Охрид ги очекува странските туристи

Ова лето на брегот на Охридското Езеро покрај домашните и оние од регионот се очекуваат туристи и од Холандија, Полска, Украина но и кружни тури кои веќе се закажани со гости кои ќе летаат од Киев до Тирана и кои потоа ќе одмараат два до три дена во главниот туристички центар.

За српските туристи предвидено е покрај ослободување од патарини и бесплатни паркинзи и карти за музеите во Охрид. Отпочнати се и преговори за повторно воспоставување на авиолинијата Белград - Охрид.

Туристичките работници се надеваат 2021 да биде подобра од лани и да се вратат странските турсти ова лето кои поради ковид пандемијата повеќе од една година ги нема на охридската ривиера.