Свет
28. May 2022 - 8:06

ОХЦР: Повеќе од 4.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина

– Повеќе од 4.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија врз таа земја на 24 февруари, иако реалната бројка е веројатно многу поголема, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦР). 

 Според податоците на ОХЦР, која има десетици набљудувачи во Украина, загинале вкупно 4.031 цивил, меѓу кои и речиси 200 деца. Повеќето се убиени од оружје со голем дострел, како што се тешки артилериски гранати или при воздушни напади.