Македонија
7. February 2024 - 16:14

Ограбени две Украинки во стан во Скопје, им украле пари и телефони

На 06.02.2024 околу 21.00 часот во СВР Скопје, И.Р.(39) и Т.Л(35), двете од Украина со престој во Скопје, пријавиле дека во домот во кој престојувале на подрачје на Центар две лица со употреба на физичка сила и закана им одзеле пари, мобилни телефони и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.