Ограбена Касарната Илинден
Во Полициската станица Карпош, од страна на Министерството за труд и социјална политика, доставен е записник од 24.04. годинава во кој пријавуваат дека во временскиот период од 17.04. до 18.04. во кругот на Касарната Илинден, поточно од два магацински простории на министерството каде што ја складираат робата, од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба.
Имено тешката кражба била извршена на тој начин што сторителот се прекачил преку еден од прозорците, влегол во внатрешноста на магацинот од каде одзел разновидна стока: женски кондури, женски балетанки, тањири, ремени, женски сандали , зимски обувки, чанти, играчки синтисајзери, маици, женски фустани, машки кошули, и играчки.
Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
-
За заемот од Унгарија ќе се гласа најверојатно во вторник