-->
-->
Ограбена бензинска пумпа во Гази Баба
-->
Денеска (10.03.2022) во 01.50 часот во кругот на студенски дом на подрачјето на Гази Баба е лишен од слобода Е.Б.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 01.30 часот извршил тешка кражба од бензинска пумпа на истото подрачје, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, при што одзел повеќе прозводи.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, сторителот бил пронајден, а кај него биле најдени и одземени украдените производи, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Лицето е приведено во полициска станица и по насоки на дежурен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетирање на службениот материјал, против Е.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена