Ограбена Астра во Скопје, крадецот изнел 630.000 денари
Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 5:50 часот во казиното „Астра клуб“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршило разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Сторителот, како што информираат од полицијата, влегол во казиното и физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот, кој паднал на подот. Потоа го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации