-->
-->
Огледало за секој фудбалер на Челзи!
-->
Новиот менаџер на Челзи, Гуд Хидинк, на својата прва средба со медиумите, рекол дека играчите на неговиот нов клуб мора да бидат самокритични.
„Не би требало да сум тука на половина од сезоната, бидејќи тоа значи дека работите не одат онака како што било планирано на почетокот. Сепак драго ми е што се вратив. Пред неколку години бев во слична ситуација, ќе се обидам да помогнам“, рекол Хидинк, кој во 2009 година, исто така како привремено решение седеше на клупата на Челзи.
„Велам не би требало да сум тука, но сепак јас сум во Челзи, тоа е реалноста. Минатиот пат кога бев тука почувствував љубов кон клубот и секогаш е задоволство да се работи со играчите“.
Челзи, изминатиот викенд, славеше над Сандерленд со 3:1 и сега се наоѓа на 15-то место во Премиерлигата.
„Во вторникот разговарав со играчите им кажав дека разни работи се случуваат во фудбалот и дека треба да се погледнат во огледало, не само на две секунди туку подолго и да видат дали можат да му помогнат на тимот. Им кажав како на професионалци да се погледнат во огледало и да бидат ултракритични“, заклучил поранешниот селектор на Јужна Кореа, Русија, Турција и Холандија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар