Македонија
4. November 2020 - 17:06

Одземени пасошите на Лидија Димова

Поради опасност од бегство, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова остана без пасоши. По околу половина час распит во кривичен, по барање на обвинителството, судија на претходна постапка и ги одзема македонскиот и дипломатскиот пасош, а треба и еднаш неделно да се пријавува во судот.

„Ценејќи ги фактите и причините судијата донесе решение да им определи мерки -  одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, обврска за повремено јавување во судот и и забрана за вршење на одредени работни дејствија“, велат од кривичен.

Димова и нејзиниот адвокат одбија да одговорат на новинарските прашања.

Судот им ги одзема патните исправи и на Александар Гочев и Зоран Златковски, кои заедно со Димова се осомничени за измама. Според кривичната на Финансова полиција, ја злоупотребиле службената положба овозможувајќи фризерница да добива пари од европските фондови. Осомничени се дека предизвикале штета од над 400 илјади евра.