Одржана првата сесија од „Опен фан фудбал 2018“ во Кратово
На спортските терени на комплексот „Мусала“ во Кратово викендот се одржа првата сесија од годинашната забавна фудбалска школа „Опен фан фудбал Кратово 2018“.
- Двесте дечиња на возраст од 6 до 12 години уживаа во лудориите на тревникот, некои од нив за прв пат беа воведени во спортски-тренажен процес, останатите ги надополнија спортските познавања, едноставно, дружеа и се забавуваа, спортуваа и уживаа во концептот на забавни отворени фудбалски школи, кој несомнено, предизвика голема радост кај сите дечиња, истакна Антонио Насевски, лидер на „Опен фан фудбал Кратово“.
Информира дека дружењето продолжува на 6 септември, четврток, со почеток во 17 часот, на истата локација.
- И во наредните два дена од одржување на школата (6 и 7 септември) ќе се реализираат програмски активности соодветни на концептот на овој вид школи. Во петок предвидено е да ни се придружат и дечињата од опен –фан фудбал школите во Македонска Каменица, со кои ќе се реализираме еднодневно другарување, додаде Насевски.
„Опен фан фудбал Кратово“ се одржува низ комбинирани тренинзи, со дополнителен едукативен сегмент, следење младински тренинзи и натпревари на фудбалерите од градот. Школата е поддржана од градоначалникот на општината.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот