-->
-->
Одржан пливачкиот и ватерполо турнир „13 ноември“
-->
Во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ се одржа вториот дел од традиционалниот пливачки и ватерполо турнир 13 Ноември, дел од програмата на Град Скопје во чест на денот на ослободувањето на град Скопје. На програмата овој викенд беше посветен на меѓународниот ватерполо турнир на кое учество земаа четири екипи од три држави: Бета (Македонија), Локомотив и Черноморец (Бугарија) и Раднички (Србија).
Победник е Раднички. Македонскиот претставник го освои второ место во ватерполо турнирот, додека пливачите во голема конкуренција на изминатиот митинг успеаја да освојат вкупно 82 медали од кои 37 златни, 21 сребрени и 24 бронзени со што Пливачкиот клуб Бета беше прогласен за најдобар клуб, а од пливачите како најдобри по категории беа Блажевска Еминова Миа во категоријата помлади пионери, Јаневска Ана во категоријата кадети и Цветановски Матеј во категоријата кадети.
Учество земаа 489 пливачи од вкупно 39 клубови од 14 земји и тоа Македонија, Бугарија, Србија, Словенија, Словачка, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Хрватска, Австрија, Германија, Исланд, Романија и Грција.
Македонските пливачи соборија пет државни рекорди и тоа:
Марко Бејатовиќ во дисциплината 100 метри мешано постави нов кадетски рекорд со време 59,76 секунди;
Ана Јаневска во дисциплината 50 метри делфин постави нов апсолутен рекорд со време 29,61 и во дисциплината 50 метри слободно нов кадетски рекорд со време 27,40;
Матеј Цветановски во дисциплината 100 метри слободно постави нов рекорд во категоријата постари пионери со време 50,96 и во дисциплината 50 метри слободно со време 25,30.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот