Одрон од карпи го прекина железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија
Товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Табановце утрово во 06:40 часот удрил во одрон од камења помеѓу крстосница Клисура и Железничката станица Миравци, возот излетал од пругата, но за среќа во несреќата нема повредени, информираат од ЈП Македонски Железници Инфраструктура.
Kaко што појасни за МИА Владимир Трајков, помошник директор на ЈП МЖ Транспорт, нивни екипи од сабајлево со машина работат на отстранување на одроните од карпи од пругата, за што поскоро нормализирање на железничкиот товарен и патнички сообраќај Велес-Гевгелија.
-Од сабајлево се работи со машина на отстранување на одроните на карпи каде има 150-200 метри кубни одрони паднати на пругата. Ако не ни се расипе машината, планираме истите да се расчистат за пет часа и повторно да се воспостави железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија и обратно, појасни Трајков.
Трајков информира дека од вчера е пуштен и патниот сообраќај од Велес кон Битола и обратно откако целосно е расчистена пругата по големите одроните помеѓу станиците Мартолци и Стари Град, вечерта од 15 март годинава. Претходно од 30 март во 2 часот веќе бил воспоставен товарниот сообраќај на оваа пруга Велес-Битола и обратно.
Трајков појасни дека поради врнежите од снег на пругата и опасноста од лизгање на нови одрони на карпи на овој опасен дел од пругата, тие одлучиле кога сообраќа патничкиот воз од Велес до Битола и обратно на овој дел времено да постават чувар кој ја обезбедува безбедноста на возовите.
-Таму имаме поставено чувар, а кој пред да дојде возот треба да го помине опасното место каде најчесто се случуваат одрони , возот запира за чуварот да му потврди на машиновозачот дека пругата е чиста и може да помине.Оваа процедура ќе биде се додека има снег, за да не се појави нова опасност од ново лизгање на карпи, а заради безбедност на железничкиот сообраќај на овој дел од пругата, појасни Трајков.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден