Ракомет
4. May 2016 - 13:19

Одредени полуфиналните двојки за Купот на Македонија (мажи и жени)

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето за полуфиналните двојки за Куп натпреварувањето во машка и женска конкуренција.
 
Завршницата од машкиот Куп ќе се одигра на 13 и 14 мај 2016 година, а во полуфиналето ќе се сретнат Охрид – Вардар и Металург – Вардар Јуниор. Термините за почеток на полуфиналните средби на 13 мај се 17:30 и 20:00 часот, а точната локација на одигрување на натпреварите дополнително ќе биде објавена. Финалето ќе се игра на 14 мај од 17:30 часот.
 
Завршниот турнир пак во Купот во женска конкуренција ќе се игра на 14 и 15 мај 2016 година, а во полуфиналето ќе играат Вардар Јуниор – Металург и Вардар – Куманово. Точната локација за одигрување на натпреварите и точните термини за нивен почеток дополнително ќе бидат објавени.
 
Куп на Македонија, мажи:
Полуфинале (13.05.2016) Охрид – Вардар
Полуфинале (13.05.2016) Металург – Вардар Јуниор
Финале (14.05.2016, 17:30)
 
Куп на Македонија, жени:
Полуфинале (14.05.2016) Вардар Јуниор – Металург
Полуфинале (14.05.2016) Вардар – Куманово
Финале (15.05.2016)