Loading Video...
Спорт плус
2. April 2020 - 19:47

Одлуката за Тур де Франс на 15-ти мај

Како и речиси сите спортови со тешки моменти се соочува и велосипедизмот каде најголемите трки се одржуваат во текот на летниот период. Прва на удар е славната трка Тур де Франс за чие одржување одлука ќе се донесе на 15-ти мај. 
Околу возењето на тур де франс има многу дилеми а еден од предлозите е трката да се одржи но без присуство на публика.  Еден од претставниците на спонзорите Ерик Хоули за сега не сакаше да прогнозира дали барем телевизиските гледачи ќе уживаат во ново издание на трката околу Франција која е најавена во редовниот термин. 
„Ќе работиме брзо, и доколку кон средината на мај се донесе одлука можно е да има трка“ изјави Хоули.  Засега најголеми противници за одложување  на трката се токму организаторите бидејќи во таква ситуација големи финансиски загуби ќе претрпат општините.  Раководството исто така е единствено дека  не постои причина за одложување на 23-дневната трка која треба да се вози  по 107-ми пат со старт на 27-ми јуни во Ница и  финиш во Париз на 19-ти јули.