Спорт плус
12. March 2020 - 15:32

Одложувањето на Олимписките игри е „невозможно“ - тврди Гувернерката на Токио

Иако пред два дена за прв пат се појави и гласина дека најголемиот светски спортски настан годинава Олимписките игри ОИ во Токио што треба да се одржат летово, ќе бидат одложени, сепак Гувернерката  на Токио тврди дека одложувањето на Олимпијадата е „невозможно“  
 
Во услови на глобалната загриженост од ширењето на “Карона“ вирусот, Гувернерот на Токио, Јурико Коике, изјави дека откажувањето на Летните Олимписки игри е „невозможно“,
 
Таа истакна дека Токио ги координира сите активности и постојано е во комуникација со Меѓународниот олимписки комитет, со цел да нема одложување на игрите. 
 
Коике се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе, повикувајќи на дополнителни мерки за поддршка во справувањето со ширењето на вирусот и неговото влијание врз организацијата на Олимпијадата.
Оваа изјава на Коике доаѓа само ден по изјавата на членот на извршниот одбор, на организациониот комитет Харујуки Такахаши, кого весникот „Волстрит џурнал“, го цитираше тврдејќи дека Игрите во 2020 година треба да се одложат една до две години поради “Корона“ вирусот.
 
Инаку пред два дена во храмот Хера во Античка Олимпија, се одржа церемонијата на палење на Олимпискиот оган, но за прв пат без публика, односно само во присуство на Официјални лица.