Одложено судењето за „Титаник 3“, Ејуп Аљими бил на службен пат
Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне денеска во Кривичниот суд, е одложено за 27 април.
Причина за одложувањето е неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија.
Адвокатот рече дека поканата Аљими ја примил на 1 март.
Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи реагираше и рече дека според нејзините сознанија, за координатор на група е секогаш предвидена замена. Побара доказ од адвокатот дека Аљими морал лично, а не некој друг да оди на службениот патување во Албанија.
Аљими бил уредно поканет. Поканата ја примил на 1 март. Знаел за патувањето во Албанија, а не го информирал судот, рече Фетаи.
Оља Ристова претседател на Судечкиот совет го задолжи претседателот на Собранието талат Џафери и генералниот секретар Цветанка Иванова во рок од 15 дена писмено да го известат судот за евентуални службени патувања и отсуства на Аљими со цел да се планираат судските рочишта.
Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.
Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата