Одложено судењето за „Титаник 2“, обвинетиот Бедредин Ибраими сметал дека расправата била закажана за 8 февруари
Судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ е одложено затоа што обвинетиот Бедредин Ибраими не дојде на денешното рочиште бидејќи сметал дека следната закажана расправа е на 8 февруари.
Судијата Огнен Ставрев посочи дека Ибраими бил уредно поканет, како и сите останати во случајот, и дека нема дилема денешното рочиште да се одложи, но дека има дилема дали тој да биде спроведен со полиција или не.
Обвинителката Фатиме Фетаи, на тоа, рече дека не може да бара Ибраими да биде приведен, бидејќи не се исполнети условите за тоа. Очигледно е, рече Фатиме, дека настанала забуна, бидејќи како што кажаа и останатите обвинети, на минатото рочиште беа закажани повеќе термини за следни расправи.
Судот го одложи денешното рочиште за 8 февруари, но информира, дека на следното рочиште на почетокот само ќе биде изведено економското вештачење и потоа ќе се продолжи по планираното, односно со завршни зборови на СЈО.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата