Одложено судењето за „Еразмус“
Судското рочиште за предметот „Еразмус”, во кој шест лица вработени на Економскиот факултет во Скопје се товарат за примање поткуп и злоупотребување на службената положба, денеска е одложено по барање на адвокатот Јован Јоанидис за изземање на Судечкиот совет.
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за примање „поткуп“ во октомври минатата година. Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица, професори и демонстратори од Економскиот факултет во Скопје и еден вработен во бифето.
Во барањето за изземање е наведено дека токму судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски, како членови на Кривичен совет, веќе еднаш решавале по жалба на второобвинетиот Драге Јанев и притоа донеле решение со кое ја потврдиле одлуката на судија на претходна постапка. Башеска и Стефановски еднаш веќе носеле решенија, а сега се јавуваат како Судечки судии во истиот предмет.
Според адвокатот Јоанидис, постои сомнение дека овие судии не можат непристрасно да одлучуваат бидејќи веќе еднаш одбиле жалба на одбраната.
Судењето е одложено се додека в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Татјана Михајлова, не одлучи по барањето за изземање.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија