Одложено рочиштето за случајот „Ласкарци”
Денешната главната расправа за предметот поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, се одложува за 22 април, поради отсуство на дел од одбраната.
Процесот за овој случај го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули на рочиштето одржано на 23 март рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.
За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш