Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром
На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие.
Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен.
Како што е објавено на веб страницата, одложено е и полетувањето кон Фридрихсхафен и кон Истанбул.
Синоќа беше откажан летот од Истанбул, додека летот од Цирих беше пренасочен.
Вчера попладне, пак, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.
На патниците им се препорачува да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром и бидат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации за летовите.
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето