Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се разгледува барањето за разрешување на Коцевски
Одложена е седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се разгледува барањето за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.. Тројца членовин а советот, денеска не се појавиле на своите работни места, а отсуството го оправдале со боледување или фамилијарни причини..
Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, не сакаше да ги открие имињата на членовите кои не се присутни, но заради нивните отсуства, немало кворум за одржување на седницата.. Таа појасни дека и покрај одложувањето, запазен е законскиот рок во кој советот треба да изгради мислење за разрешувањето на Коцевски, а тој истекувал на крајот од идната недела..
Во меѓувреме, Владата најави дека ја запира постапката за разрешување..
Според премиерот Мицкоски, Обвинителството покажало резултати во расветлувањето на трагедијата во Кочани, а како што рече, обвинителите треба да работат и да сработат..
Ново на Сител
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"