Бизнис
20. јуни 2018 - 19:34

Одложена одлуката за судбината на Фени - синдикатот незадоволен од одоговлекувањето

Планот за реорганизација на Фени со кој ЏСОЛ треба да го превземе комбинатот  кој е во стечај е вратен  на доработка. Во рок од три дена предлагачот во него ќе треба да ги вметне  сите забелешки. Конечната одлука ќе се знае дури на 4 јули. За тогаш е закажано ново рочиште на кое ќе се гласа за планот. Синдикатот  разочаран  од тоа што денеска тој не пројде, а фени конечно  не изелзе од стечај.  

Планот за реорганизација не го поджуваат мал дел од доверителите. Бугарската компанија Енекод  Минстрој и Кунико   преку нивните застапници сметаат дека тој е незаконски. Бараат да биде повлечен ,а Фени да се ликвидира, односно да се впаричи имотот на фабриката.

Затаспаникот на  ЏСОЛ посочи дека сите забелешките за планот се  прифатени, главно се однесуваат  на технички  работи.

Од менаџментот на ЏСОЛ велат дека планот кој тие го презентираат  значи обезбедување на иднината  на  компанијата, производство и нови вработувања.

Додека траеше рочиштето, околу 100 вработени во Фени дојдоа пред судот во Велес со подршка за   ЏСОЛ.  Инвеститор  во моемтнво менаџира со фабриката, производствот тече а сите работници се на работа. Додека е Фени во стечај ЏСОЛ има инвестирано над 60 милиони евра.