Одлична вест за возачите, поевтинија горивата
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно денар и половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар Еуросупер БС 95, чија цена се намалува за два денара, ќе се продава за 61 денар, а Еуросупер БЦ 98, каде намалувањето е 1,5 денари, ќе чини 63 денари. Новата цена на Еуродизелот е 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут М - 1 НС и ќе чини 22,913 денари.
РКЕ изврши корекција на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на доларот.
Намалувањето на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 1,41 процент, односно за 0,81 процент.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори