Тенис
17. July 2016 - 14:13

Одиграни „дубл мечевите“ во четвртфиналето од Дејвис купот

 
 
Во најквалитетната група од тенискиот Дејвис куп денеска ќе бидат познати полуфиналистите. Најдобрите осум репрезентации во текот на вчерашниот ден ги одиграа мечевите во двојки. Ниту една не успеа да се пласира во полуфиналето, бидејќи на сите дуели резултатот е 2:1.
 
Двојки и резултати по вториот ден од четвртфиналните средби:
 
Велика Британија – Србија 2:1,
 
Италија – Аргентина 1:2,
 
Франција – Чешка 2:1 и
 
САД – Хрватска 2:1.