Фудбал
23. August 2021 - 18:22

Оди си Артета дури не направиш поголема штета

Лутите навивачи на Арсенал не му дозволија на Микел Артета да си замине од „Емирати“ во неделата попладне по 2:0 поразот, и фрустрираните навивачи на „топчиите“ му врескаа да замине од клубот по вториот пораз во два меча во новата сезона.
 
Ова е најлош старт на една сезона за Арсенал во 118-годишната историја на клубот, откако во првото коло загубија со 2:0 од новиот прволигаш Брентфорд, а вчера беа декласирани од Челси со 0:2 на сопствениот стадион. Уште полошо, следниот меч е гостување кај Манчестер сити!
 
Фановите уште на стадионот го искажаа своето незадоволство, свиркајќи им на играчите на полувреме и на крајот на мечот и сега му порачаа на менаџерот да си „направи услуга“ и да си замине.