Македонија
16. September 2020 - 21:23

Одењето во школо ќе стане проблем, сметаат психолозите

Калина за неколку ден полни седум години. Второоделенка е, а поради короната нејзината мајка одбра онлајн настава. Дополнителен проблем и тоа што поради работни обрски нема кој да ја носи ниту да ја зема од училиште. Калина разчарано вели дека најмногу од се ке и недостасуваат другарчињата.

А сега ке помага постарата сестра, Анастасија, исто така ученичка во Песталоци, но во осмо одделение. Процесот на онлајн наставата веке им е познат од минатата учебна година.

За Анастасија, која има 12 години, изборот за онлајн настава е јасен како и моментот со пандемијата.

Сепак, голем дел од родителите, иако работат, одбраа физичко присуство за своите деца од прво до трето одделение во училниците. Доколку во семејството  има дедо или баба  се е полесно, но што ако нема таква опција. ЗА психолозите тоа отвора многу дилеми.

Клучна за снаогање на детето, според психолозите, ке биде неговата зрелоста, во спротивно родителите ке мора работат со него  и да го подготват за предизвиците.