Одебелжани 14 години од загинувањето на Трпковски и Илиевски кај мотелот Бриони
Со помен парастос на православните гробишта во Челопек, како и на разурнатиот мотел Бриони семејствата ја одбележаа 14 годишнината од загинувањето Светослав Трпковски и Боге Илиевски.
Сестрата на Трпковски, Живана Начевска го искажа револтот на семејствата од двајцата загинати што и после толку години се уште не се познати сторителите на ова недело.
- Ние само сакаме да знаеме зошто и како се убиени, на која основа, што направиле, како направиле. Ако некому му било за објектот пушти ги нив, а објектот земи го. Многу сум револтирана и 14 години тоа ме јаде во душaта зошто и како, рече Начевска.
Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001 година од се уште непознати сторители така што со динамит биле врзани за потпорните столбови и кренати во воздух со мотелот Бриони кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи. Во стара состојба е и разурнатиот мотел Бриони бидејќи дел од албанското население од Челопек се спротиставува земјоделската задруга „Единство“ да продолжи да стопанисува со него.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница