Одбраната на Камчев обвинува дека неговиот живот е во ризик
Правниот тим на Јордан Камчев попладнево информираше дека е алармантна неговата здравствена состојба.
- Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот „медицински тим“ оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода. И тоа е ризик директно по животот на Камчев. - велат во дописот од неговата одбрана.
Апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките.Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек. - пишуваат неговите адвокати.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости