Спорт плус
12. August 2015 - 17:24

Одбојкарите стигнаа во Полска

Македонската одбојкарска репрезентација по долгото патување со автобус (околу 28 часа) пристигна во Валбжих каде утре и задутре ќе ги игра натпреварите од завршницата на Европската лига. Македонските одбојкари вечерва од 19 часот ќе имаат и тренинг.

Утре во терминот од 20 часот Македонија во полуфиналето ќе игра против Естонија.
Во првото полуфинале од 17 часот ќе играат Полска и Словенија.
Во петок победниците ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за 3.место.