Спорт плус
28. April 2016 - 9:20

Одбојкарите на Шутова на чекор до двојната круна

 Одбојкарите на Шутова со синоќешниот триумф над актуелниот првак Струмица поведоа со 2-0 во победи во серијата „подобар од пет“ и се на чекор од освојување на шампионскиот трофеј во домашното првенство. 
 
Екипата на Шутова го доби мечот одигран синоќа во салата „Партизан“ во Струмица со 3-1 во сетови (22-25, 25-22, 25-22 и 25-18) во вториот натпревар од финалето на плеј-офот. 
 
Со овој триумф екипата од Кичево е на чекор до освојување на двојната круна имајчи в предвид дека тие триумфираа ви во Купот на Македонија. 
 
Следниот натпревар на програмата е во сабота во Кичево.