Одбиено барањето за мерки за претпазливост за две лица од „Тендери“
Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерки за претпазливост за две лица опфатени со предметот „Тендери“, соопшти денеска Кривичниот суд - Скопје.
- Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судуја на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По завршување на распитот судијата на претходна постапка со решение од 28.10.2016 го одби предлогот на СЈО, за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките, се наведува во соопштенито од Судот.
Странките во предметот „Тендери“ имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението на судијата на претходна постапка.
Случајот „Тендери“ што го отвори СЈО се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Ново на Сител
-
Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник
-
Тешко повреден работник во Пробиштип
-
Успеав да излезам од сенката на татко ми | Александар Михајловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 066
-
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби