Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада
Со 55 гласа против и 32 за претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на дневен ред на собраниската седница да се расправа за укинување на таканаречената пржинска влада не е усвоен.
Претходно координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во образложението на нивниот предлог рече дека пржинската влада се покажала како нефункционална и дека треба да се укине.
-Очекував дека ќе добиеме поддршка и од другите пратенички групи. Со овој предлог се предвидува бришење на одредбите од Законот за Влада, односно 100 дена пред избори да се избере нова преодна влада или позната во јавноста како пржинска влада. Истото е дебатирано меѓу најголемите партии и има консензус. Не се работи за обемно решение и очекувам поддршка – рече Мицевски.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство