Македонија
14. October 2017 - 9:12

Одбележување на Светскиот ден на храната и борба против гладта

Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство Фирус Мемед денеска ќе присуствува на промотивниот настан за одбележување на меѓународните денови - Светскиот ден на храната 16 Октомври и 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против гладта.

На настанот го организира Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и Црвениот Крст, а ќе се одржи во Веро Центарот (Џамбо) 

На настанот Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија ќе ја промовираат и новата брошура за информирање на потрошувачите „Информации поврзани со храната“, подготвена во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите.

Промотивниот настан има и хуманитарен карактер и во негови рамки, во специјално одредените пунктови од страна на Црвениот Крст, граѓаните ќе можат да донираат храна.

Со свои штандови покрај Агенцијата за храна и ветеринарство, Организацијата на потрошувачи на Македонија и Црвениот Крст ќе се претстават и компании од прехранбената индустрија, чии производи ќе можат да ги дегустираат граѓаните. Децата на тема здрава храна ќе имаат можност да творат во детското ликовно катче.