Македонија
4. April 2017 - 8:22

Одбележување на Денот на НАТО

Во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со македонското Министерство за одбрана, НАТО контакт амбасадите во Македонија и НАТО канцеларијата на која редовно се брифира јавноста за напредокот на РМ во НАТО интегративните процеси, денеска во Скопје ќе биде одбележан Денот на НАТО – 4 април.

Настанот има за цел промоција на историјата, вредностите и целите на Алијансата, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.

На одбележувањето на Денот на НАТО најавено е обраќање на министерот за одбрана  Зоран Јолевски, на претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани, на  амбасадорите на САД, Хрватска и Шпанија, Џес Бејли, Данијела Баришиќ и Рамон Абароа Каранза, како и на раководителот на НАТО Канцеларијата во Скопје, Горазд Бартол.

Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден во 1949 година, 12 земји во Вашингтон (САД) го потпишале Договорот со кој се конституирала Северноатлантската алијанса.