Одбележување на Денот на НАТО
Во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со македонското Министерство за одбрана, НАТО контакт амбасадите во Македонија и НАТО канцеларијата на која редовно се брифира јавноста за напредокот на РМ во НАТО интегративните процеси, денеска во Скопје ќе биде одбележан Денот на НАТО – 4 април.
Настанот има за цел промоција на историјата, вредностите и целите на Алијансата, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
На одбележувањето на Денот на НАТО најавено е обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски, на претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани, на амбасадорите на САД, Хрватска и Шпанија, Џес Бејли, Данијела Баришиќ и Рамон Абароа Каранза, како и на раководителот на НАТО Канцеларијата во Скопје, Горазд Бартол.
Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден во 1949 година, 12 земји во Вашингтон (САД) го потпишале Договорот со кој се конституирала Северноатлантската алијанса.
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина