Одбележување 20 години дипломатски односи со 19 држави
Министерството за надворешни работи денеска во Куршумли ан ќе приреди свеченост во соработка со амбасадите на 19 држави со кои пред 20 години се воспоставени дипломатски односи.
Две децении дипломатски односи Република Македонија одбележува со: Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либиja, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Израел и Оман.
Настанот ќе го отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Романија во Македонија Јустиниан Фошка, кои ќе се обратат во име на државите со кои се одбележува јубилејот.
- Земјите на јубилејот ќе се претстават со комплетно гурманско изненадување и ќе се обидат да ги доловат вкусовите и мирисите карактеристични за нивните земји. Македонската кујна, покрај националните јадења, ќе биде збогатена со учество на македонски компании чии домашни производи ќе бидат претставени пред гостите, претставници од државниот врв, дипломатскиот кор и бизнис-заедницата во државата, соопшти МНР.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот