Одбележана 75-годишнината од смртта на првоборецот Иљо Антевски Смок
Во организација на Сојузот на борци од Тетово денеска беа одбележани 75 години од погубувањето на првоборецот Иљо Антевски Смок.
На денешен ден 1943 година тој бил обесен во Тиранскиот затвор од страна на италијанските фашисти откако претходно бил заробен во Ново Село од балистите, а потоа во Тирана, бил осуден на смрт.
- Иљо Антевски Смок и припаѓаше на онаа плејада борци од НОБ и антифашистичката војна кои несебично се жртвуваа за националната слобода на Македонија. Тој загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Но, неговите дела и идеали длабоко се врежани во срцата на сите негови сограѓани и пријатели и вечно се втемелени во нашата суверена и независна Македонија, нагласи претседателот на општинската организација на Сојузот на борци-Тетово, Јоцко Димитриески.
Покрај Иљо Антески Смок, таа ноќ во политичкиот затвор во Тирана италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски.
По повод 75-годишнината од смртта, пред спомен-обележјето на Иљо Антевски Смок во тетовската населбата Два Бреста денеска положија цвеќе делегации од општинските организации на Сојузот на борци Тетово и нивните соборци од Гостивар, гарнизонот на АРМ - Тетово, претставници на Здружението за култура и уметност како и националната установа Центар за култура во Тетово што го носат името на Иљо Антески Смок.
Беше положено цвеќе и од страна на претставниците на Здруженијата на резервни воени старешини, на трудовите инвалиди Тетово, Срби и Македонци-КУД Бранко Чајка, Македонски херои од 2001, Музеј на тетовскиот крај и претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
На денешното одбележување присуствуваа и ученици од основното училиште „Андреа Савески Ќиќиш“.
Ново на Сител
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ