Македонија
26. September 2020 - 14:22

Одбележан Светскиот ден на срцето со бесплатни превентивни прегледи

Во организација на Институтот за јавно здравје денеска беа организирани повеќе активности за подигање на свеста кај општата популација за здрав стил на живот и превeнција на ризик факторите кои доведуваат до кардиоваскуларни заболувања и последици од нив.

Главниот настан се одржа во Градскиот парк кај Школка во Скопје од 9:00 до 13:00 часот, период во кој граѓаните можеа да добијат бесплатни превентивни прегледи (мерење на крвен притисок, ниво на шеќер и ниво на холестерол во крвта, телесна висина и телесна тежина), пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце, како и советувања од медицински персонал за правилен и здрав стил на живот во услови на криза од пандемијата со коронавирусната инфекција.

Настанот е организиран во соработка со Факултетот за физичко образование и здравје, пришто со помош на реквизити ќе се демонстрира потребата од умерена физичка активност во промоција на здрав животен стил и здраво срце, отпорно на болести предизвикан од COVID-19.

Проф.д-р Елена Ќосевска  од Институто за јавно здравје истакна дека во нашата држава во изминативе десеттина години постои тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.

– Тоа пред се должи  на намалениот број на смртни случаи од исхемични болести  на срцето и акутнот инфракт на срцето и мозочниот удар. Сметаме дека тоа е резултат на долгогодишната борба да работиме повеќе на превенција на заболувањата, односно превенција на ризик факторите коишто доведуваат до овие заоблувања како што се употребата на тутунот, неправилната исхрана, слабата физичка кативност, преголема и неконторлирана употреба на алкохолот и стресот, рече Ќосевска.

Таа посочи дека ИЈЗ  заедно со 10 центри за јавно здравје во државата, но и сите здравствени установи од  примарнта, секундарната и терциерната здравствена заштита активно се вклучени под покровителство на Министерството за здравство во сите активности во делот на промоцијата на  здравјето, превенцијата на болести, раното откривање  на  болести како што се  хипетензијата или покачениот крвен притисок, покачените нивоа на шеќер и холестерол во крвата и зголемената телесна тежина.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна  дека сега во оваа  криза кога сите капацитети во  изминатиот период посебно на ИЈЗ се фокусирани на ковид кризата  во смисла на дијагностиката  во делот на лабораторијата, епидемиолошките анализи од страна на епидемиолозите, уште повеќе е јасно  колку е важно да се води сметка секој за себе  за сопственото здравје, заради тоа што, како што рече, секој од нас е одговорен за сопственото  здравје.

– Имајќи во предвид како оваа болест ковид  во  потешка форма се манифестира  кај  пацинетите кои што имаат коморбилитети. Сметам дека секоја година  има  резултат во смисла на подигање  на свеста  има одреден прогрес  во  делот на намалување  на морбилитетот, морталитетот некои од овие  дијагнози. Искрено верувам дека со заедничка кампања  поддржана од МЗ сите овие мерки  и параметри,  препораки коишто практично се препораки на сите светски, стручни  здруженија ќе можеме да ги имплементираме и во  нашата земја, рече Филипче.