Одбележан патрониот празник на штипската касарна Јане Сандански
По повод чествувањето на 102 годишнината од смртта на истакнатиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански, денеска во штипската касарна, која го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост.
Командантот на 2-рата механизирана пешадиска бригада, потполковник Горан Петрушевски во своето обраќање пред присутните, говорејќи за животот и делото на Сандански, пришто истакна дека се горди што нивен патрон е еден од најголемите броци за самостојна македонска држава.
- Неговиот идеал за создавање на самостојна, независна, слободна држава на македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државност, изјави Петрушевски.
Додаде дека денес единицата претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен за извршување на борбени задачи во сите услови и во согласност со стандардите на земјите членки на НАТО.
- Пред нас се безбедносни предизвици кои од сите нас бараат максимална подготвеност, умешност и патриотски однос кон татковината, истакна Петрушевски.
Во актуелниот момент врвен приоритет на припадниците на АРМ е справувањето со бегалската криза, заштитата на државната граница и обезбедување на воени објекти.
Ново на Сител
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени