Одбележан патрониот празник на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец
Единиците на Армијата на Република Македонија, стационирани во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец во присуство на претставници од општина Кавадарци, здружението на борците на Република Македонија и припадници од други команди и единици на АРМ го одбележаа патрониот празник.
Патрониот празник и 75 годишнината од загинувањето на народниот херој чие име го носи касарната, се одбележа со соодветна програма на која покрај полагање свежо цвеќе пред неговата биста од страна на делегациите, беше одржан историски час за животот и делото на народниот херој и пригоден говор од страна на командантот на првата механизирана пешадиска бригада, генерал Мирче Ѓоргоски.
Тој го истакна значењето на одбележувањето на патронатот за зацврстување на врската на сегашноста со богатата историја на македонскиот народ, како и дека припадниците на АРМ се задолжени да ги почитуваат делата и дадените животи на многу борци за слободна и независна Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот