Одбележан Денот на МНР
Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше одбележан Денот на МНР ( 29 Април) - празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во оваа пригода им се заблагодари на вработените за квалитетното, доследно, посветено и навремено извршување на работните задачи, со несмален ентузијазам и љубов кон својата земја низ изминатите години.
Во рамки на церемонијата, министерот Попоски им врачи плакети на дел од пензионираните вработени, а беше доделено и традиционалното признание „Млад дипломат на годината“.
Историјата на институцијата надлежна за надворешната политика започнала на 29 април пред 47 години во Скопје, кога биле поставени темелите на македонската дипломатска служба со формирањето на Бирото за односи со странство. Потоа, ова тело се трансформира во Секретаријат за односи со странство, за три години по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година да го добие името кое и денес го носи - Министерство за надворешни работи на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена