Од вторник дожд, грмотевици и пад на температурите
Денес претпладне преовладуваше сончево време, а попладне во западните делови облачноста се зголеми и преовладуваше сончево со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
До крајот на денешниот ден ќе се задржи сончевото време со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ќе биде ведро, додека во западните делови ќе има појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во утрешниот ден не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.
Во главниот град на Република Македонија утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од вторник не очекува зголемување на облачноста со појава на локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право