Од утрово покачена цената на нафтата
Цените на нафтата на светскиот пазар утрово се по пораст за 7 до 10 проценти.
Јунските преддоговори за американската сурова нафта „ВТИ“ порасна за 9,76 проценти – на 22,38 долари за барел.
За јули пак, цената на фјучерсите на суровата нафта „Брент“ се зголемија за 6,8% на 29,05 долари за барел. Последен пат цената на оваа нафта беше над 29 долари за барел на 15 април годинава.
Се проценува дека причини за ваквите цени е стапувањето во сила на новиот договор „ОПЕК плус“, кој почна да се применува од 1 Мај.
Според договорот, во текот на првите два месеци, намалувањето на производството на нафта ќе изнесува скоро 10 милиони барели на ден, од кои повеќето ќе бидат скратени во Русија.
Пандемијата од Ковид-19 предизвика рекорден пад на цената на нафтата, како резултат на намалената побарувачка за суровини. На пазарот влијаеше и негативно фактот што во март „ОПЕК плус“ земјите не успеаја да се договорат за продолжување на договорот.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот