Од утре врнежи и пад на температурите
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.
УХМР потсетува, во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Според прогнозите, утре утринската температура ќе биде од 13 степени во Берово до 23 во Демир Капија, а дневната од 31 во Берово до 38 во Гевгелија.
Од сабота до среда утринските температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степена, а дневните од 27 до 37 степени.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите